Шпанскиот мотоциклист, Марк Маркез триумфираше на трката за Големата награда на Чешка во Брно што воедно беше 50. победа за него во „кралската класа“.
Маркез водеше од старт па се до крајот на трката и стана четвртиот возач во историјата со 50 победи во оваа класа. Андреа Довициозо го следеше Маркез некаде до половината на трката, но во последните 10 круга, возачот на Дукати не успеа да му парира на лидерот на трката.
Трет стартно-целната рамнина во Брно ја помина Џек Милер.
Организаторите на трката во Чешка имаа проблеми во организација поради пороен дожд кој го одложи стартот на трката за 40-тина минути.
Со денешните бодови, Шпанецот има вкупно 210 бодови. Зад него се Довициозосо со 63, односно Петручи. Следниот викенд ќе се вози трката за Големата награда на Австрија.