Гвардиола не го играше Марез за да не падне на допинг-тест

Актуелниот англиски фудбалски првак Манчестер Сити ја почна новата сезона со трофеј, откако го совлада Ливерпул во „Комјунити Шилд“ со подобро изведување на пенали (1:1 5:4). Тренерот на „граѓаните“ шпанскиот стратег Пеп Гвардиола на овој натпревар не го користеше Алжирецот Ријад Марез, за да не падне на допинг – тест. Трофејниот стратег Гвардиола пред натпреварот добил информација од лекарскиот тим дека Марез земал лекарства кои можеле да содржат и забранети супстанци.

Ријад ме побара телефонски откако стана континентален шампион со Алжир и ми рече дека сака да се врати и да игра против Ливерпул.Му соопштив дека е добредојден. Но, Марез земал суплементи за побрзо опоравување, па лекарскиот тим ме советуваше дека е најдобро да не се најде во составот за овој меч, за да не правиме никаков ризик околу можното појавување на допинг-контрола. Затоа не се најде во тимот на дуелот со Ливерпул. Се надевам дека сите сомнежи ќе бидат елиминирани за стартот на сезоната во Премиерлигата со дуелот против Вест Хем – појасни Гвардиола.

Треба да знаете
Последни објави