Откажан штрајкот на лондонскиот аеродром „Хитроу“

Штрајкот на лондонскиот аеродром „Хитроу“, најавен за денес, е откажан и разговорите за надминување на спорот околу платите ќе продолжат утре.

Околу 2.500 аеродромски работници најавија штрајк откако најголемиот британски синдикат Јунајт ја одби понудата на раководството на аеродромот, и 177 летови беа откажани.

Околу 4.000 членови на Јунајт, вклучително инженери, пожарникари и припадници на безбедноста, гласаа за изменетиот предлог на договорот, а 88 отсто се изјаснија за штрајк, според „Би-би-си“.

„Бритиш ервејс“ соопшти дека нема повторно да ги воспостави летовите денес, додека некои други компании најавија дека планираат да ги извршуваат летовите според распоредот.

„Хитроу“ објави дека понудата подразбирала зголемување на платите од 7,3 проценти во период од две и пол години.

Треба да знаете
Последни објави