Германија не е за учество во мисијата на САД во Ормускиот Теснец

Германската канцеларка Ангела Меркел и целата германска влада во моментов не ја гледаат можноста за учество на Германија во поморската мисија предводена од САД во Ормускиот Теснец, соопшти портпаролката на владата.

„Канцеларката не го гледа учеството на Германија во мисијата на САД во оваа ситуација и во овој момент – сите во германската влада се согласуваат“, рече таа на прес-конференција.

Американската амбасада во Берлин во вторникот објави дека САД ја повикале Германија да им се приклучи на Франција и Велика Британија во мисијата за заштита на пловидбата во Ормускиот Теснец и „спречување на иранската агресија“.

Германија го одби барањето, потсетува АП.

Треба да знаете
Последни објави