Бугарската Комисија за борба против корупција и незаконски стекнат имот заклучи дека претседателот Румен Радев немал судир на интереси, со што ја заврши процедурата против него.
Комисијата постапи по пријава дека Радев ја злоупотребил службената положба додека бил командант на воздухопловните сили, договарајќи две работни места за својата идна сопруга, иако едно од нив било портпарол на воздухопловните сили, кое треба да го извршува воено лице, а не цивил.
Пријавата се однесувала и на тоа дека Радев во 2010 година наводно купил стан од 143 квадратни метри во Софија под пазарна цена.
Комисијата утврдила дека не постојат докази оти тој го прекршил законот за спречување судир на интереси и ја отфрли пријавата како неоснована.