Англиските медиуми лансираа приказна која може да се оствари, а тоа е дека Жозе Мурињо би можел ова лето да стане тренер на ПСЖ.
Маурисио Покетино е веќе пред отказ како што известуваат медиумите во Франција. „Паризиен“ тврди дека Зинедин Зидан остануваа прв избор, иако тоа е тешка мисија, бидејќи ги одби двете понуди на „светците“.Поради тоа ПСЖ ќе се насочи кон Жозе Мурињо и новиот спортски директор веќе стапил во контакт со Португалецот.
„Специјалниот“ оваа сезона ја предводеше Рома до титулата во Лигата на конференции, а можеби сега е вистинско време за тој да се пресели во Париз.
Целта на ПСЖ е да се освои титулата во ЛШ конечно, а Жозе Мурињо би бил совршен за таа позиција, тренер со докажано европско искуство.
Француските медиуми тврдат дека Покетино сигурно ќе биде сменет и „светците“ веќе бараат нов тренер.