Кипар бара прераспределба на товарот со мигрантите во рамки на ЕУ

Кипарскиот министер за внатрешни работи Константинос Петридис подготвува писмо за своите колеги од земјите-членки на ЕУ, во кое се очекува официјално да побара одреден број мигранти од Кипар да се дислоцираат во други држави на Унијата.

Петридис, кој побара од ЕУ на попрактичен начин да даде поддршка во врска со миграциското прашање, истакна дека е време да престане „несразмерното оптоварување за Кипар” со воспоставување шема за прераспределба на барателите на азил во земјите од ЕУ.

– Целта е да се спречи, барем до некаде, несразмерниот товар за Кипар, нагласи кипарскиот министер.

Тој, исто така, се осврна и на неодамнешната ситуација на турскиот дел на Кипар, каде барателите на азил, кои поднесуваат апликации, прво пристигнуваат на турскиот дел, а потоа преминуваат во јужниот дел на островот.

Треба да знаете
Последни објави