Меси се повреди на тренинг

Еден од најдобрите фудбалери во светот Аргентинецот Лионел Меси на првиот тренинг со Барселона по враќањето од продолжениот одмор кој го имаше поради настапите за репрезентацијата на Копа Америка, се повреди. Аргентинецот нема да биде дел од експедицијата на Барселона на турнејата во САД. Меси кој го преседе на клупата за резерви мечот со Арсенал на утринскиот тренинг се пожали на болки во мускулот од десната ногата по што набрзо го напушти тренингот.

 

Треба да знаете
Последни објави