Рјабков: Русија нема да ја менува својата воена доктрина

Русија нема да ја ревидира својата воена доктрина по повлекувањето на САД од Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ).

– Не гледам причина за ревизија на нашата воена доктрина. Тој документ е фундаментално и концептуално ориентиран кон иднината. Неговите формулации се исклучително прецизни, не треба постојано да се менуваат зависно од некои околности, истакна заменик министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков.

Претходно, Русија ги повика САД да се откажат од плановите за распоредување ракети со среден и краток дострел.

– Во тој случај Русија ќе ги преземе сите мерки за да ја зачува својата безбедност, нагласи Рјабков.

Договорот за нуклеарни сили со среден дострел е потпишан во 1987 година меѓу американскиот претседател Роналд Реган и лидерот на СССР, Михаил Горбачов и со тоа на државите им забраниле употреба и производство на ракети со дострел од 500 до 5.500 километри.

Треба да знаете
Последни објави