Челниците на Баерн Минхен долго време го убедуваа Роберт Левандовски да остане во клубот до крајот на договорот, кој му завршува на крајот од следната сезона, но откако ја видеа голема решителност на Полјакот да си замине, ја одредија цената која Барселона ќе треба да ја плати ако сака да го види во своите редови.
Според „Билд“, германскиот гигант одредил сума од 40 милиони евра за откуп на договорот на феноменалниот напаѓач, па прашање е дали Каталонците ќе ги продолжат преговорите за негов трансфер.
Левандовски веќе има 34 години, поради што висината на отштетата воопшто не е мала, но и покрај тоа, ако Барса не успее да ги најде парите, во игра би влегол Челси, кој во него гледа идеална замена за Ромелу Лукаку, кој сигурно ќе го напушти „Стемфорд бриџ“.