Едногодишно бебе од Холандија е тешко повредено во Будва, откако автомобил ја прегази количката во која се наоѓало бебето, пренесуваат српските медиуми.
Објавено е и видео од несреќата. Човек поминува улица на пешачки премин со детска количка, кога во него удира автомобил и му ја прегазува количката со бебето во неа. Автомобилот го управувала Русинка.
Полицијата во Будва поднесе кривична пријава против Русинката, а бебето се здобило со полесни телесни повреди и е пуштено од болница.