Приведени двајца Турци и Србин, се степале за сообраќајка

На 04.08.2019 во 08,00 часот од полициски службеници на Граничниот премин Табановце, на влез во Република Северна Македонија, приведени биле Н.Ж (39), државјанин на Р.Србија и С.Е.(42) и С.Х.(40), двајцата државјани на Р.Турција.

Тројцата претходно го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, на која и претходела расправија околу случена сообраќајна незгода претходно.

Лицата биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Треба да знаете
Последни објави