Искусниот шпански голман Адриан денеска официјално потпиша договор со англискиот шампион Ливерпул.
Новиот голман на „црвените” потпиша двогодишен договор, а во Ливерпул дојде од Лондон каде што шест години бранеше за Вест хем, а по истекувањето на договорот одлучи да замине.
Ливерпул ми понуди на Адриан соработка по заминувањето на Симон Мигнолет во Бриж, но јасно е дека 32-годишниот Шпанец ќе му биде резерва на Алисон.
Инаку, Адриан кариерата ја започна во Бетис, а 2013 година Вест хем го донесе во премиер лигата како слободен играч. Со лондонскиот клуб запишал 125 настапи во Премиер лигата.