Турскиот државјанин C.M.(44) бил уапсен вчера на граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, откако за излез од Македонија покажал фалсификувана австриски пасош.
По извршениот разговор и увид во патната исправа полицискиот службеник се посомневал во исправноста на документот, односно био страната не била оргинален образец, туку бланко образец со вметнати податоци, а на една од страниците имало два фалсификувани kосовски влезен и излезен штембил и еден мкд влезен штембил.
При извршен преглед кај истиот биле пронајдени и фалсификувана австриска лична карта. Лицето било предадено на полициски службеници од РЦ за ГР-Север за понатамошна постапка.