Американскиот претседател Доналд Трамп вчера му нареди на Министерство за правда да предложи такви закони кои ќе обезбедат оние кои ќе сторат масовни убиства и злосторства од омраза да се соочат со смртна казна, како и овие најстроги казни да бидат одлучно и брзо спроведени.
Во обраќањето од Белата куќа по двата смртоносни напади во Тексас и Охајо, Трамп додаде дека партиската припадност во таквите случаи мора да биде оставена настрана и да се биде единствен во осудата бидејќи тие „варварски масакри претставуваат напад врз нашата заедница, врз нашата нација и злосторства против човештвото, пренесе Еј-Би-Си њуз.
То предупреди и на опасноста што ја носат интернетот и социјалните мрежи, како и на бруталните крволочни видео игри, кои, како што кажа, се одговорни за „глорификацијата на насилството во нашето општество”.