ПСЖ со понуда за Дибала

Откако Аргентинецот Пауло Дибала не се согласи да премине во редовите на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед, за напаѓачот на Јувентус интерес покажа францускиот ПСЖ. Шампионот на Франција понуди 60 милиони евра за аргентинскиот фудбалер, пренесуваат тамошните медиуми.

За да се реализира овој трансфер ќе треба да се согласи и 25-годишниот Дибала кој досега потенцираше дека би сакал да остане во Јувентус.

 

Треба да знаете
Последни објави