Непознат маж ноќеска пукал во ноќен клуб во северниот дел на канадскиот град Торонто, при што седум лица се ранети, информира локалната телевизија Глобал њуз, повикувајќи се на податоци на полицијата.
Инцидентот се случил вчеравечер во клубот „Зона 45″.
Според полицијата, еден од повредените се наоѓа во критична состојба.
Според администрацијата на клубот, за време на пукањето во клубот имало околу 250 лица.
Сведоци на настанот кажале дека пред пукањето дошло до кавга меѓи посетители на ноќниот клуб, но полицијата се уште не дава информации за осомничениот напаѓач.
-Поради големиот број очевидци, случајот најверојатно ќе биде брзо расчистен, рече шефот на градската полиција Марк Сондерс.