Европскиот совет го именуваше министерот за надворешни работи на Шпанија, Жозеп Борел, за шеф на европската дипломатија. Тој ќе ја замени Федерика Могерини на функцијата висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност.
Борел должноста ќе ја преземе кон крајот на октомври. Советот го именуваше Борел по одобрувањето на новоизбраната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Изборот треба да биде потврден и од Европскиот парламент, заедно со сите други членови на ЕК