Познат италијански новинар и уште неколку италијански медиуми синоќа пренесоа дека Јувентус и Манчестер Сити договориле размена на играчи.
Жоао Кансело е практично нов фудбалер на Манчестер Сити, а Португалецот вчера после само 15 минути го напуштил тренинг центарот на Јувентус.
Се очекува „Бјанконерите“ за неговите услуги од Сити да добијат 30 милиони евра, а во Торино ќе пристигне и дефанзивецот Данило кој не се наигра во екипата на Гвардиола.
25-годишниот Жоао Кансело минатото лето се пресели во Јувентус од редовите на Валенсија, откако претходно Интер одлучи да не го откупи неговиот договор од шпанскиот клуб.