Манџукиќ има и план Б

Хрватскиот фудбалски интеранционалец Марио Манџукиќ кој не е во плановите на новиот тренер на Јувентус, Маурицио Сари деновиве е актуелен каде ќе се пресели. Манчестер јунајтед со кој наводно ги договорил сите детали беше најавен како негова следна фудбалска дестинација. Но, на два дена пред крајот на преодниот рок за фудбалери во Англија од официјалниот трансфер на Манџукиќ нема ништо. Манчестер јунајтед е подготвен да го комплетира трансферот со 20 милиони евра отштета за Јувентус, но италјанскиот првак не возвраќа на предлогот од Англија.

Манџукиќ не мирува  и има веќе план Б, а го обелоденуваат германските медиуми кои најавуваат дека пргавиот напаѓач можно е да се врати во редовите на германскиот првак Баерн Минхен. Ако во наредните 24 часа не се реализира неговата преселба на „Олд Трафорд“, тогаш Минхен е неговата старо-нова дестинација.

Проблем за реализација на трансферот на Манџукиќ во Манчестер останува непознатиот статус на  на Пол Погба и Ромелу Лукаку во редовите на „црвените ѓаволи“.

Треба да знаете
Последни објави