Авион на „Бритиш ервејс“ беше евакуиран откако чад го исполнил авионот веднаш по слетувањето на аеродромот во шпанскиот град Валенсија.
Три лица кои се наголтале чад добиле лекарска помош, а уште десетина патници биле полесно повредени додека се евакуирале од авионот преку гумен тобоган, пренесе АП.
Британската компанија им се извини на патниците во авионот.
Во изјавата на „Бритиш ервејс“ се вели дека авионот имал технички проблеми при приближувањето кон аеродромот во Валенсија.