Американскиот министер за одбрана Марк Еспер денеска изјави дека САД нема претерано да реагираат на серијата севернокорејски лансирања ракети и ја остава вратата отворена за разговори со Пјонгјанг.
-Клучно е вратата да се остави отворена за дипломатијата. Нема претерано да реагираме на ова, но ќе ги следиме, внимателно ќе ги следиме, и свесни сме за тоа што се случува, рече Еспер пред заминување во посета на Јапонија.
Северна Кореја денеска на два пати лансираше ракети во морето во близина на источниот брег, и ова во последниот месец беше четврто тестирање што го изведе на своја територија.
Истовремено, официјален Пјонгјанг вложи протест затоа што со заедничките вежби на САД и Јужна Кореја се прекршуваат дипломатските договори.