Вардар го доби „возниот ред“ за Супер глоуб

На неофицијалното светското ракометно клупско првенство „Супер глоуб“ кое од 27 до 31 август за првпат ќе се одржи во Саудиска Арабија, македонскиот првак Вардар како европски шампион ќе стартува од четвртфиналето. Овој собир по девет последователни изданија во Катар се сели во Саудиска Арабија, а за Вардар ќе биде второ учество, откако во 2017 година заврши на третото место.

Вардар ќе стартува во четвртфиналето каде за противник ќе го има подобриот од квалификацискиот дуел на саудискиот Ал Мудар кој доби учество со вајлд-карта и шампионот на Северна Америка, Њујорк Сити.

„Црвено-црните“ ако ја минат оваа препрека, која треба да им биде загревање, во полуфиналето ќе ги чека вистински тест со поранешниот освојувач на Лигата на шампионите, германскиот Кил, кој во дуелите од првите две кола е изразит фаворти против австралискиот Сиднеј и африканскиот првак, Замалек од Египет.

27 август, квалификации:
Сиднеј Јуниверзити – Кил
Ал Мудар – Њујорк Сити

28 август, четвртфинале:
Вардар – Ал Мудар/Њујорк Сити (1)
Замалек – Сиднеј Јуниверзити/Кил (2)
Ал Вехда – Таубате (3)
Барселона – Ал-Духаил (4)

29 август, полуфинале:
победник четвртфинале 1 – победник четвртфинале 2
победник четвртфинале 3 – победник четвртфинале 4

31 август, натпревар за 3-то место:
поразен полуфинале 1 – поразен полуфинале 2

31 август, финале:
победник полуфинале 1 – победник полуфинале 2

Треба да знаете
Последни објави