Филипинското Министерство за здравство во вторникот прогласи епидемија на тропска треска по нагло зголемување на бројот на заболени од оваа болест, од која починаа повеќе од 600 луѓе од почетокот на годинава.
Министерството забележи вкупно 146.062 случаи во земјата од јануари до 20 јули, 98 проценти повеќе отколку во истиот период во 2018 година, изјави министерот за здравство Франциско Дуке.
Регистрирани се 622 смртни случаи, додаде тој.
„Важно е да се прогласи национална епидемија со цел да се идентификуваат местата на кои им е потребна итна помош и да им се овозможи на локалните власти да користат средства за итни случаи за да ја спречат епидемијата“, рече Дуке на состанокот со службениците за управување со кризи.