Кикинда: Баба ја прогласиле за мртва, оживеала пред да биде погребана!

Кикинда: Баба ја прогласиле за мртва, оживеала пред да биде погребана!

Лекарот од Итната помош од болницата во Кикинда, кој на 1. август ја прогласи за мртва старицата Илона К. (89) во нејзината куќа, а се покажа дека тогаш бабата не починала, ќе биде суспендиран од работа во рок од 15 дена, а поради направениот пропуст, не се исклучува и подрастична казна.

Најверојатно д-р Небојша Б. ќе добие отказ, или префрлање на друго работно место, потврдуваат од болницата во Кикинда.

За жал, старицата Илона К. сепак починала во неделата во болницата во Кикинда, а лекарот не ги искористил сите расположиви и современи медицински средства за да констатира или пак не смрт кај жената.

„Лекарот со стетоскоп и ЕКГ апарат можел јасно да констатира смрт. Колегата кој направи пропуст кај нас работи само година дена и спаѓа во помладите лекари. Тој смета дека е одговорен зошто не постапил согласно протоколот, велат од болницата.

Дека по посетата на екипата на Итната помош бабата не починала во четвртокот, забележал погребникот кој во домот на старицата дошол по заминувањето на лекарската екипа.

„Роднина го замоли погребникот на старицата да и ги извади златните обетки, а во тој момент таа отвори очи. Се покажа дека е жива, па повторно викнаа Итна помош која бабата ја пренесе во болница. Сите беа во шок, па и полиција која излезе на местото за да утврди дали станува збор за природна или насилна смрт“, раскажаа соседите кои со тага ја дочекаа веста дека бабата починала во болница. Таму била хоспитализирана во состојба на кома, и се наоѓала на одделението за Неврологија.

Снаата ја затекнала во кујната

Соседпт Јожеф Рењи изјави дека во полиција јавила снаата која дошла да ја посети Илона.

„Старицата ја пронашла како неподвижна лежи во кујната. Потоа ја повикала Итната помош, а лекар ја прогласил за мртва. Кога стигнаа вработените од погребалната служба, видоа дека Илона сепак е жива. Тогаш е префрлена во болница. Со години нашата соседка беше неподвижна. Живееше сама“, раскажа Рењи.

Треба да знаете
Последни објави