Европската комисија е подготвена во следните недели да разговара со Велика Британија за Брегзит, изјави денеска портпарол на ЕК.
Комисијата се надева дека ќе се избегне излез на Британија без договор, но ЕУ е подготвена и за таков исход.
– ЕК останува достапна следните недели доколку Обединетото Кралство сака да разговара и да ја појасни детално својата позиција, истакна портпаролот.
Договорот кој во ноември минатата година го постигнаа Брисел и поранешната британска премиерка Тереза Меј, Парламентот во Лондон ја одби трипати.