Ѕвездата од филмот „Брилјантин“, Оливија Њутн-Џон (70) е во четврта фаза на карцином на дојка. Таа се бори со тоа неколку години, а во ноември минатата година болеста се врати по трет пат. Актерката рече дека не сака да знае колку време ѝ останало, но и дека шансите за заздравување се мали.
„Среќна сум што веќе поминав низ ова три пати, и сè уште сум тука. Јас живеам со тоа. Кога ви е дијагностициран карцином или ви е лоша дијагнозата, обично ви даваат одреден временски период, тие ви кажуваат уште колку време ви останува“, вели оптимистичната Оливија.
Актерката се занимава со собирање средства за истражување на ефектите од канабисот врз ракот. Таа дома во Калифорнија и самата одгледува марихуана затоа што ѝ помага во нејзините симптоми. За да собере пари што е можно побрзо, таа ја продава облеката што ја носеше за улогата Сенди.