Потпретседателката на Меѓународниот сојуз на Боки 13, Јасна Ерцеговиќ, со соопштение ги нарече шпекулации пишувањата во медиумите дека средствата кои ги прибрале за хумани цели не ги искористиле за наменета.
„Меѓународниот сојуз стапи во соработка и склучени се договори со две реномирани домашни друштва. На тој начин за првпат во земјава е создадено приватно невладино партнерство. Паричните средства стигнати на сметките на координаторите на проектите се искористени исклучиво за остварување на целите на Меѓународниот сојуз и исполнување на договорите склучени со партнерите“, пишува во соопштението на Ерцеговиќ.
Таа тврди дека хонорарот пристигнат на сметката на Лилјана Тодоровска, еден од координаторите и идеен творец на проект, веќе била цел на истрага од Финансовата полиција и Обвинителството по што се утврдило дека транскацијата е во рамките на позитивните законски прописи и истрагата била сопрена.
Но, Лилјана Тодоровска веќе кажа дека е измамена и ограбена откако на нејзино име во банка легнале 720 илјади евра кои веднаш ѝ ги зеле од Меѓународниот сојуз.
„До денеска никој од Меѓународниот сојуз не е повикан од органите на прогонот за никакво незаконско работење“, вели таа.