Мицкоски до Заев: Моќта и глупоста заедно се опасни, затоа следи #ОбноваНаМакедонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкосвски преку Фејсбук му одговори на премиерот Зоран Заев, кој вчера рече дека е време за конечен пораз на „заробената држава“ што ја оставила претходната власт, дека по три години власт СДСМ не докажала дека Македонија е заробена држава, но затоа денес е изгубена држава.

-Но, да сме јасни, јас и ВМРО-ДПМНЕ не можеме да поддржиме закон кој има единствена цел, амнестија на криминалот на Заеви и пресметка со политичките противници од опозицијата. Се согласувам апсолутно со тврдењето дека имплементцијата на правдата зависи од ВМРО-ДПМНЕ, добро е што и Зоран Заев и неговите обожаватели сфатија дека за неколку месеци од сега реалноста ќе биде поинаква во Република Македонија…

Нема да поддржиме со закон инсталирање на роднините, братучедите на помошниците на Катица, внуците, снаите, соседите и пријателите на Катица, но и по некој член од СДСМ во новото обвинителство, додека младите ја напуштаат масовно државата затоа што не добиле шанса, вели Мицкоски.

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1289776541197802?__xts__%5B0%5D=68.ARA5jjFpKxm0HiN25EuChFxByVndrjGyZ1ifBTJnBYG8O5mhRySQuSoDV2u72PeLlkPuJSmj9dqwYX6WgeiqU3eIdg3qu3ZDI9y8XodZqihpvCyYSD2jwSfzOWrPObu9W6EGMJcSqmila5CsL63lRZBgpv7GOJLuNlr7SzNthd7wLGLsUHpZAOpKl6ULc6PjWB_S31r_tLtBhenqT4S9cPq8NVKflK76aA0qbzqASXIsklXlXFBzBpWsTH7WaLN7xOQ9p3WRTCaCWE_CQK0Dd6YKZ1aHMfvxaWXb8s_OM2UmxUdovRNUGzNGz_OHQojz2-ZXOSttKPvpjEPgg7qNRQ&__tn__=-R

Треба да знаете
Последни објави