Утре Македонија гостува на Бугарија во Разград, дел од Бугарите се оптимисти пред натпреварот иако игрите на нивната репрезентација не ветуваат многу.
Последните години Македонија е поквалитетна селекција од Бугарија, тоа го покажуваат резултатите, па според многумина ние сме фаворити во утрешната пресметка во Разград која почнува од 18 часот.
Овој дуел е интересен и поради затегнатите односи меѓу двете држави, па има посебно значење за двете нации.
Првиот човек на Славија Софија, Венцислав Стефанов, имаше прилично навредлива и потценувачка изјава за Македонија.
„Која е бре таа С. Македонија!? Па таа вчера стана држава, зошто тогаш ние би стравувале. Па ако стравуваме од репрезентации како Македонија, Грузија и Гибралтар тогаш воопшто и да не играме фудбал. Да си играме некои детски игри“, изјави Стефанов за „Новини247“.