Ако досега овој важен податок не сте го знаеле, запомнете го датумот 6 август, затоа што на овој ден се одбележува Светскиот ден на женскиот оргазмот на жените.
Се поразбира, за тоа е заслужен еден маж- поточно, Бразилецот Ариматео Дантас, советник во градот Еспертина, кој решил 6 август да се посвети на женската сексуалност. Зошто?
Затоа што, за жал, на жените сè уште им е ускратено правото да го истражуваат своето тело, а отворените дискусии за сексот или оргазмот сè уште се сметаат за табу во многу општества.
Еве што рекле некои познати дами за оргазмот:
„Секоја жена има право на оргазам. Кажете му на вашиот маж да не биде толку самосвесен, во кревет сепак има двајца, а вие сте еден од нив и заслужувате да одите до крај“ Ејми Шумер.
„Јас секогаш барам кулминација. Имам пријателка која во животот никогаш немала оргазам. Никогаш! Ме боли срцето секој пат кога тоа ќе го слушнам“ Ники Минаж.
„Жената е одговорна за нејзините оргазми, тоа е апсолутна вистина. А моите се проклето добри, барем денес, многу се подобри отколку тие што ги имав во моите 20-ти години… Со текот на времето научив трикови. Сега знам што сакам. Не чекам, иницирам“ Хали Бери.
„Да се биде кревка и покорна во кревет е нешто од минатото. Жените мораат да имаат своја сексуалност, да имаат контрола врз неа, тоа им дава неверојатна моќ “ Бијонсе Ноулс.
„Јас навистина не уживав во сексот сè додека не започнав со мастурбирање. Со купување на мојот прв вибратор, запознав еден нов свет. Истото им го препорачувам на сите жени“ Ева Лонгорија.
„Драги момци, ако ве мачи прашањето „дали мојата партнерка се преправа дека има оргазам“, само слушајте ја – ако звучи како хиена што умира, се плашам дека сепак глуми, а вие можеби едноставно гледате премногу порно филмови, бидејќи ниту една вистинска жена нема да испушта такви гласови“ Ана Фарис.