Властите во светот мораат да избегнуваат поттикнување на говор на омраза кон малцинствата, вклучително и кон мигрантите и хомосексуалците, предупреди денеска канцеларијата за човекови права на ОН, по последните масовни убиства во САД.
Американските демократи го обвинија претседателот Доналд Трамп за поттикнување расни поделби откако за време на викендот беа убиени 32 луѓе во Тексас и Охајо, на што тој им одговори дека ги осудува расизмот, нетрпеливоста и белиот шовинизам.
Портпаролот на канцеларијата за човекови права на ОН, Руперт Колвил, ги поздрави изјавите на Трамп, но исто така додаде дека високата советничка за човекови права, Мишел Бачелет поддржува построга контрола на оружјето.
„Недвосмислено ги осудуваме расизмот, ксенофобијата и нетолеранцијата во сите нејзините облици, вклучително и белиот шовинизам“ рекол Колвил.
Тој нагласи дека се загрижени дека некои пораки не само што ги стигматизираат и дехуманизираат малцинствата – мигрантите, бегалците, жените, припадниците на ЛГБТ заедницата, и таканаречените „поинакви“, туку одредени лица и заедници ги поставуваат како цели кои стануваат ранливи и подложни на напади.
Трамп се заложи за подобри проверки на купувачите на оружје, наведувајќи дека зад масовните пукања стои ментална болест.