Брестовац ја презема вината по поразот од Аргентина: Ова е школо и за мене

Селекторот Данило Брестовац по поразот од Аргентина (20:23) на стартот од СП У19 вечерва во Скопје вината ја бараше и кај себе во меч во кој кадетите имаа одлично прво полувреме и катастрофално второ.

-Има денови кога не оди ништо. Промашивме неколку шутеви, пенали, неколку топки се одбија кај нив, судиите судеа сè… Има драстичен пад. Кај младите категории е нормално во некои сегменти и се обидов со ротирање, но разочарувачка беше играта на задната линија. Како да закочивме и со средните бекови. Имаме уште борба. Ни остануваат уште четири средби во групата и сè е во игра. Ќе видиме како ќе реагираат задутре со Нигерија. Добро е што имаме ден пауза после ваков пораз. Разочаран сум. Ниту во најлошите сценарија не очекував дека вака завршиме. Морам да најдам решение. Можеби требаше повеќе да се ослонам на ротација. Ја барам грешката во мене. Ова се млади ракометари и кога не им оди едноставно не им оди. Ова е школо и за мене. Со оваа генерација не сум имал вакво нешто досега, изјави Брестовац.

Треба да знаете
Последни објави