Фабрегас подготвен да ја продолжи кариерата во Аргентина
Играчот од средниот ред на Монако, Цеск Фабрегас призна дека би сакал да игра во Купот на Либертадорес.
Триесет и двегодишниот Шпанец е подготвен да се приклучи на аргентинскиот клуб.
– Зошто еднаш да не играм во Купот Либертадорес ? Аргентинската лига ми изгледа многу конкурентна. Би било убаво да се игра таму, изјави Фабрегас на радио „СуперДепортиво”.
Фабрегас пред Монако играше за челзи, Барселона и Арсенал.