Бекенбауер и поранешни први луѓе на германскиот фудбал обвинети за финансиска измама

Германската фудбалска легенда Франц Бекенбауер и тројца поранешни германски фудбалски функционери, како и еден швајцарски се обвинети за финансиска измама поврзана со организацијата на Светското првенство во 2006 година, соопшти швајцарското обвинителство. Поранешните први луѓе на германскиот фудбал Тео Цванцигер и Волфганг Нирсбах, функционерот на германската федерација (ДФБ) Хорст Шмит и швајцарскиот претставник во ФИФА Урс Линси обвинети се дека лажно прикажале исплата на 6,7 милиони евра.

Постапката против Бекенбауер се води одделно поради здравствени проблеми на легендарниот фудбалер. Бекенбауер беше прв човек на организацискиот комитет за СП во 2006 што се одржа во Германија.
Истрагата на швајцарските обвинители довела до сознание дека организацијата на СП-2006 била добиена со гласови преку ненаменската испалата на пари во висина од 10 милиони швајцарски франци кои му биле префрлени најпрво како позајмица на Бекенбауер па истите биле прераспределувани преку катарската компанија која ја поседувал Мохамед Бин Хаман, поранешен член на ФИФА.

Треба да знаете
Последни објави