Кина забрани учество на филмскиот фестивал во Тајван

Кина им забрани на своите филмови и актери да се натпреваруваат за една од најпрестижните азиски филмски награди „Златен коњ“, што ја доделува Тајван.

Објавувањето се појави во „Чајна филм њуз“, весник поврзан со филмското регулаторно тело на владата.

Иако образложението за одлуката не е наведено, тоа доаѓа во услови на зголемени тензии поради одбивањето на Тајван да признае дека е дел од кинеската територија и според законот во Пекинг, пренесува АП.

Учествувањето на кинеските уметници веќе е доведено во прашање по минатогодишното доделување, кое беше обележано со негодувањето на Пекинг на дел од говорот на режисерот Фу Ју, кој го повика светот да ја признае независноста на Тајван, потсетува АП.

Треба да знаете
Последни објави