Маж загина во пожар во Сплит

Маж загина во пожар што синоќа по полноќ избувна во сплитски облакодер, јави загребачки „Индекс“.

Како што беше соопштено, пожарот избил нешто по полноќ во стан на седмиот кат на облакодерот, а пожарникарите кои биле веднаш упатени на лице место, од станот успеале да спасат женско лице.

Пожарот бил изгаснат за петнаесетина минути.

Треба да знаете
Последни објави