Српскиот и хрватскиот првак Црвена звезда и Динамо Загреб не ја искористија предноста на домашниот терен во третата квалификациска рунда од елитното клупско фудбалско натпреварување Лигата на шампионите. Црвена звезда ремизира со данскиот Копенхаген (1:1), а Динамо со унгарскиот Ференцварош (1:1).
„Црвено-белите“ поведоа со голот на Милан Павков во 44. минута, а гостите од Данска израмнија од пенал преку Јонас Винд во 84. минута. Слично сценарио имаше и натпреварот во Загреб каде Динамо на „Максимир“ поведе преку Дани Олмо во седмата минута, а гостинот израмни преку Давид Сигер во 60. минута. Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми го одигра целиот натпревар во тимот на Динамо.
Резултати од одиграните први мечеви во 3 квалификациско коло за ЛШ
Црвена звезда – Копенхаген 1:1
Динамо Загреб – Ференцварош 1:1
Бриж – Динамо Киев 1:0
ПАОК – Ајакс 2:2
АПОЕЛ – Карабаг 1:2
Вечерва играат:
Краснодар – Порто
Башакшехир – Олимпијакос
Базел – ЛАСК Линц
Клуж – Селтик
Марибор – Розенборг
Резултати од првите одиграни средби во 3 квалификациско коло за ЛЕ
Сутјеска – Линфилд 1:2
Рига – Хелсинки 1:1
Арарат – Сабуртало Тбилиси 1:2