Мајорка го промовираше Трајковски

Повратникот во шпанската фудбалска Примера, Мајорка го промовираше како едно од своите засилувања македонскиот репрезентативец Александар Трајковски, со кого потпиша четиригодишен договор. По дисквалификацијата на Палермо чиј член беше Трајковски, играчите на италјанскиот тим како слободни можеа да си побараат нови средини. Трајковски се одлучи да ја прифати понудата на Мајорка.

Трајковски одигра 113 натпревари за Палермо за четири сезони минати во овој клуб, две во Серија А и две во Серија Б. Постигна 20 гола. За македонската репрезенатција има 39 настапи и постигнал  12 гола.

-Среќен сум што ќе бидам дел од проектот на Мајорка. Се надевам дека ќе имаме успешна сеозна. Напред Мајорка – порача Трајковски откако го потпиша четиригодишниот договор со шпанскиот тим, каде неофицијално ќе заработува 650.000 евра по сезона.
Трајковски ќе биде вториот Македонец кој сезонава ќе игра во Примера покрај Енис Барди кој е член на Леванте.

Треба да знаете
Последни објави