Белгискиот фудбалер за врска Кевин Де Брујне вели дека Лигата на нации не му е важна.
– Уште две неделина терен е предолго. Ние фудбалерите не можеме ништо да промениме, но не се радувам на натпреварите од Лигата на нации. Овој турнир не ми е важен. Обични пријателски натпревари, чија важност е преувеличена. Во секој случај, можеме да кажеме дека сакаме повеќе да одмораме. Сепак ништо нема да се промени, па ќе си ја завршиме работата на теренот, вели Де Брујне, за „Goal”.
Репрезентацијата на Белгија во јуни ќе одигра четири натпревари во Лигата на нации: против Холандија (3 јуни), Велс (11 јуни) и двапати против Полска (8 и 14 јуни).