Летната трансфер-приказна за Лукаку заврши во Интер

Белгискиот фудбалски напаѓач Ромелу Лукаку денеска рано изутринава пристигна во Милано, каде во текот на денот треба да го потпише договорот со калчолигашот Интер. Иако пристигнувањето на Лукаку беше во незгодно време, на аеродромот во Милано беше еуфорично дочекан од неколку стотина најзапалени симпатизери на Интер кои го скандираа неговото име.

Со ова заврши летната трансфер-приказна за Лукаку, откако англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед најави дека нема да смета на неговите услуги во новата сезона. Интер се согласи на Манчестер јунајтед да му плати 75 милиони евра, од кои 65 веднаш, а преостанатите 10 дополнително, по што беше дадено „зелено светло“ Лукаку да се пресели во Италија.

Треба да знаете
Последни објави