Стефанова: Згрозена сум од снимката, ќе кажам се што знам

Обвинителката Лиле Стефанова која ја водеше истрагата за предметот „Империја“ на СЈО,  во која осомничен е бизнисменот Орце  Камчев, изјави дека очекува Обвинителстово за организиран криминал комплетно да го расчисти целиот случај „Рекет“ и дека ќе соработува и ќе ги сподели сите работи што ги знае.

Кажа дека не знаела за снимката што ја објави весникот „Ла Верита“ и оти денеска првпат ја видела.

„Не само што не сум знаела дека постои ваква снимка, туку сум и згрозена. Јас ќе соработувам и ќе ги споделам сите работи кои ги знам и очекувам Обвинителстово за организиран криминал комплетно да го расчисти целиот случај“, рече Стефанова.

Според Срефанова, истрагата за „Империја“ е поставена на здрави нозе, но оти со месеци е закочена поради начелното мислење кое го донесе Врховниот суд.

Стефанова не го коментираше соопштението на СЈО, во кое се наведува дека со снимката поврзана со случајот „Рекет“ која што ја пренесоа повеќе медиуми, „недвосмислено се потврдува дека нема конекција помеѓу изреченото на снимката и предлозите кои што се носени од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и одлуките на судовите“, велејќи дека не го видела.

Треба да знаете
Последни објави