Поранешната моделка Карла Белучи (37) рече дека нејзината 14-годишна ќерка не е многу интелигентна и затоа ќе мора да работи на својот изглед.
„Мојата ќерка Таниша не е најинтелигентната личност, така што во иднина нема да инсистирам на нејзиното образование. Таа ќе мора да работи на својот изглед за да изгледа совршено, затоа што грдите луѓе не поминуваат никаде“, изјави Карла за магазинот „Клосер“.
https://www.instagram.com/p/BxtvswCHQ6H/?utm_source=ig_web_copy_link
„Во моментов ѝ се допаѓа изгледот на сестрите Кардашјан со голем задник, гради и усни. Таа ќе стави филери веднаш штом ќе наполни 16 години, што јас целосно го поддржувам“, рече оваа мајка на три деца.
https://www.instagram.com/p/Bqt0upYg4ZY/?utm_source=ig_web_copy_link
Карла ќе ја поддржи својата ќерка и ако сака да оди на бразилско подигнување на задник, операција опасна по живот.
Карла троши околу 200 евра неделно за да ја разубави својата ќерка, која носи екстензии во косата, вештачки нокти и дотерани веѓи.