Бразилскиот фудбалски интернационалец Нејмар и соопштил на Барселона дека ќе ја чека до 20 август за да го врати назад во своите редови, од ПСЖ. Ако дотогаш шпанскиот првак Барселона не направи ништо за да го комлетира трансферот, Нејмар може да се сврти кон лутиот ривал Реал Мадрид.
Ова е топ-тема во шпанските медиуми, каде Нејмар е на насловните страници. АС и Марка пренесуваат дека дошло до промена во трансфер плановите на „кралевите. Флорентино Перез наместо по Пол Погба од Манчестер јунајтед ќе тргне по Нејмар. Во новинарските приказни се наведува дека Реал е во предност пред Барса, бидејќи клубот од Мадрид е во добри односи со францускиот ПСЖ. „Кралевите“ можат да понудат стотина милиони евра плус и да одстапат неколку играчи како Бејл, Модриќ или Навас.
Медиумите блиску до Барса пишуваат дека главен адут во оваа трка на првакот е тоа што Нејмар сака да се врати на „Камп Ноу“ и да игра покрај Лео Меси и Луис Суарез.
Лидерите на Барселона по најавите дека во трката се вклучува и Реал Мадрид веднаш стапиле во контакт со Нејмар и побарале од него да биде трпелив, на што тој возвратил дека ќе чека до 20 август.