Преселбата на Карачиќ од Вардар во Кјелец е најдобриот трансфер летово

МВП-играчот на завршниот ракометен турнир во Келн од Лигата на шампионите, хрватскиот интернационалец  Игор Карачиќ од редовите на Вардар според Европската федерација (ЕХФ) го направи најдобриот трансфер летово со преселбата во редовите на полскиот Кјелце. Карачиќ по седум години поминати во Вардар одлучи да замине од Вардар и тоа откако по вторпат ја освои со „црвено-црните“ европската круна. Вардар изминатава сезона се соочи со финансиска криза поради која поголемиот дел од играчите и покрај  големиот спортски подвиг одлучија да заминат.

Трансферот на Карачиќ е прогласен за број 1 од страна на ЕХФ во пресрет на сезоната 2019/2020, а меѓу топ 12 преселби се најдоа уште двајца вардарови ракометари Рожерио Мораес и Вуко Борозан кои го одбраа тимот на унгарскиот Веспрем.

ТОП-12 ТРАНСФЕРИ ЗА СЕЗОНАТА 2019/2020

1.Игор Карачиќ (Вардар – Кјелце)

2.Расмус Лауге (Флензбург – Веспрем)

3.Лука Циндриќ (Кјелце – Барселона)

4.Рожерио Мораес (Вардар – Веспрем)

5.Роланд Миклер  (Веспрем – Пик Сегед)

6.Гудјон Валур Сигурдсон (РНЛ – ПСЖ)

7.Вуко Борозан (Вардар – Веспрем)

8.Владимир Чупара (Кјелце – Веспрем)

9.Винсент Жерард (Монпеље – ПСЖ)

10.Лука Степанчиќ  (ПСЖ – Пик Сегед)

11.Андреас Волф  (Кил – Кјелце)

12.Константин Игропуло (Мешков Брест – Висла Плоцк)

Треба да знаете
Последни објави