Француската престолнина Париз вечерва е центар на светот поради финалето во фудбалската Лига на шампионите во кое силите ќе ги одмерат европските великани Реал Мадрид и Ливерпул кои заедно имаат освоено 19 пехари со „големите уши“. На најтреофејниот европски првак Реал Мадрид му припаѓаат 13 титули, а на Ливерпул 6 титули.
Новата пресметка меѓу овие два тиме е повод Англичаните, кои се болни за фудбал и за својот миленик, да го окупираат Париз и да го обојат во црвено. Според последните информации во француската престолнина – градот на светлината Париз се пристигнати околу 70.000 англиски навивачи на Ливерпул.
One kiss is all it takes 😘 #UCLfinal pic.twitter.com/qReO8g4xh1
— Liverpool FC (@LFC) May 28, 2022