Вториот светски рекет според последната АТЛ ранг-листа, шпанскиот тенисер Рафаел Надал оставари рекордна 379. победа на турнирите од серијата Мастерс 1000, победувајќи го во осминафиналето Аргентинецот Гвидо Пела со 6:3, 6:4, во Монтреал.
Сега Надал е осамен на врвот од листата според бројот на победи на овие мастерс-турнири. До сега првото место го делеше со Швајцарецот Роџер Федерер кој има 378 победи.
Легендарниот Шпанец Надал е и рекордер по бројот на освоени турнири од серијата Мастерс 1000 со 34 титули. По него следува Новак Ѓоковиќ со 33 и Роџер Федерер со 28 титули.