Полициски службеници од МВР во координација со полициски службеници од земјите кои имаат свои контингенти на јужната граница во периодот од 20 часот на 8.8.2019 до 8 часот на 9.8.2019 спречија обиди за илегален влез на мигранти на јужната граница.
И тоа: на подрачјето на полициската станица Богородица 35 лица ( Пакистан 19, Индија четири и Бангладеш 12), на подрачјето на ПС Валандово 17 лица од Бангладеш, на подрачјето на ПС Михајлово седум лица од Авганистан, на подрачјето на ПС Стар Дојран и СВР Струмица 102 лица (Пакистан 29, Авганистан шест, Бангладеш 54, Сомалија седум, Еритреа шест).