На 09.08.2019 околу 12,30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот “Мајка Тереза“ патничко моторно возило “Рено клио“ со италијански регистарски ознаки, управувано од И.Д.(49) од с.Скудрине, гостиварско излетало надвор од коловозот. Со повреди се здобиле И.Д. и сопатниците З. Д. (46), А.Д.(26), двајцата од с.Скудриње и 16- годишник, на кои им била укажана лекарска помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Кај З.Д. се констатирани тешки телесни повреди, а кај другите телесни повреди.