Со спуштање на знамето на Крушевската Република на Гумење, вечерва во Крушево ќе бидат затворени Научно- културните средби”10 дена Крушевската Република”.На завршницата на манифестацијата концерт за посетителите ќе одржи Викторија Лоба.
Синоќа, деветтиот ден од манифестациијата, го зботатија триото”Шербет”и Ди- Џеј Галоски со забава во градскиот парк во Крушево.
Во десетте дена на одржувањето, манифестацијата понуди бројни настани на повеќе локации во градот, меѓу кои пречек на илинденската коњаница, чествување на 2 август – Илинден, промоции на книги и одржување на концерти, театарска престава и трибина.